Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАБИНЕТОТ НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ПУТИН: Нека земе неколку апчиња за мозок

КАБИНЕТОТ НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ПУТИН: Нека земе неколку апчиња за мозок

Украина е против предлогот на Русија, во Киев да има преодна влада која ќе ја раководат Обединетите нации(ОН). 

Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го осудува предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за воведување привремена администрација.

Советникот за комуникации на Зеленски, Дмитриј Литвин, во оваа прилика изјави дека ако Путин не разбира со кого треба да разговара за завршување на војната, тогаш треба, како што иронично изјави, „да земе неколку апчиња за мозок“, пренесува агенцијата УНИАН.

Литвин кажа дека Русија извршила најмалку два напади врз Украина во изминатите 24 часа, оштетувајќи ја енергетската инфраструктура.

Инаку, руските власти постојано зборуваат дека мандатот на Зеленски е истечен. Но, во воени услови Украина не планира да организира избори. 

Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од три години. 

Слично

Поврзани вести