Ќе се сруши ли Колосеумот?
Една од најпознатите градби во светот и симбол на италијанската престолнина Колосеумот, му се заканува опасност да се сруши, доколку властите го реализираат својот план во негова близина да изградат метро-станица, предупредува здружението за заштита на културното наследство “Наша Италија“.
-Поради ископувањата во непосредна близина на Колосеумот, темелите на таа градба би можеле да попуштат, објаснува претседателот на здружението, Карло Рипа ди Меане.
Меане и неговото здружение бараат од судот да се забрани изградбата на станицата на метрото кај Колосеумот, доколку тоа претходно не го направи началникот на Националниот археолошкиот завод за заштита на споменикот.
Плановите на властите се ископувањата на тунелите да се извршуваат на само неколку десетина метри од Колосеумот на длабочина од 50 метри. Работите би требало да траат до 2020 година.
Слично
