Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се истражува колку троши британското кралско семејство

Ќе се истражува колку троши британското кралско семејство

Комисијата за јавни трошоци на британскиот Парламент ќе ги истражува трошоците што ги прави кралицата и кралското семејство, меѓу кои и парите што целото семејство ги има потрошено за патувањата, во Велика Британија и низ светот.

Комисијата, со која раководи пратеничката на опозициската Лабуристичка партија, Маргарет Хоџ, поранешна министерка во владата на Тони Блер, многу често инсистира на јавни сослушувања во Парламентот, доколку претходната истрага утврди дека има неправилности во трошењето на државните средста Доколку и во овој случај се инсистира на сослушување, пред комисијата ќе се најдат неколкумина најблиски советници на кралицата.

За кралицата Елизабета и за нејзниото најбилско семејство и натаму се трошат значителни државни пари и покрај намалувањето на давачките последниве неколку години и настојувањето за покривање на трошоците од „комерцијализацијата на кралскиот имот“.

На почетокот на април оваа година кога во Велика Британија почнува буџетската година државата за кралското семејство ќе ги издвои предвидените 36,1 милион фунти за 2013., што е мало зголемување во споредба со изминатата 2012 година.

Парламентаранта комисија ќе ја испитува можноста Бакингамската Палата во Лондон, службената резиденција на кралицата Елизабета да биде отворена за посетители и туристи во текот на целата година, а не само во текот на летните месеци, за да се обезбедат приходи за нејзиното одржување, што сега целосно ги покрива државата од буџетот.

Сега се размислува за јавноста и за посети да се отворат и две други резиденции на кралицата, дворецот Балморал во Шкотска и замокот Сандригам во Англија, каде Елизабета престојува често со своето најблиско семејство.

Кралското семејство секоја буџетска година добива и 15 отсто од приходот на нејзиниот имот, што го користи и со него стопанисува британската држава.

Ваквото решение е донесено уште во 1760 година, кога тогашниот крал Џорџ Трети се решил да и ги даде на државата сите имоти, за да таа му ги плаќа годишните трошоци.

Слично

Поврзани вести