Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се формира Банка за развој на земјите од БРИКС

Ќе се формира Банка за развој на земјите од БРИКС

Постигнат е договор за формирање банка за развој на земјите од групата БРИКС која треба да биде конкуренција на западните институции, изјави денеска министерот за финансии на Јужноафриканската република Правин Гордан.

Остваривме голем напредок, а лидерите наскоро ќе ги објават деталите, истакна Гордан, по состанокот со колегите од Бразил, Русија, Индија и Кина, пред самитот на земјите од БРИКС во јужноафриканскиот пристанишен град Дурбан.

Банката ќе биде фокусирана на финансирање инфраструктурни проекти и ќе претставува директна конкуренција на 70-годишната доминација на Светска банка.

Земјите од БРИКС заедно претставуваат 25 отсто од глобалниот бруто домашен производ и 40 проценти од светската економија.

Слично

Поврзани вести