Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе ја изгубили златото својата вредност?

Ќе ја изгубили златото својата вредност?
Цената на златото денеска повторно падна нагло на најниско ниво во последниве две години, со што се отвора прашањето дали тоа е привремен прекин на пазарот или на почеток на тренд во кој златото ќе ја изгуби вредноста. Во еден период цената на златото се зголеми од 250 долари за унца на почетокот на овој век и стигна  до 1920 долари за унца во септември 2011 година. Минатата недела, цената на златото на светскиот пазар падна за 5,2% а во понеделникот, 8,4 %.  Моменталната цена се движи околу 1330 долари за унца што е најниско ниво во последните две години. Во прилог на зголемување на понудата на пазарот, цената на златото паѓа, бидејќи во најголемите економии во светот инфлацијата се движи на ниско ниво. Најголемите резерви на злато во светот имаат САД и Германија, кои држат околу 70 проценти од вкупните резерви на злато.
Слично

Поврзани вести