Економија, финансии, бизнис

Контакт

“Ќе излеземе од тешката криза“

“Ќе излеземе од тешката криза“
Претседателите на Италија Џорџо Наполитано, Германија Јоаким Гаук и Полска Бронислав Коморовски вчера во Неапол изразија уверување дека Европа ќе излезе од економската и финансиска криза. -Ќе излеземе од оваа тешка економска и финансиска криза, изјавија тие во  заеднички напис објавен на интернет страницата на италијанското претседателство по самитот во вилата Росбери. -Во време кога сите во Европа гледаат со неверување и двоумење, кога за многумина се чини дека  Европа нема  да ги исполни своите ветувања , каде што многумина стравуваат за работните места, заштеди, иднина, ние би сакале да се испрати охрабрувачка порака, пишуваат тие. -Да бидеме свесни за скапоценостите на мирот и слобода во која земјите на Европската Унија живеат повеќе од 60 години. Нобеловата награда за мир на Европската унија е поттик за нас. Европа мора да биде на висина на своите одговорности и да дејствува единствено во светот, велат тие. -Секоја генерација мора да се соочи со предизвиците. Ние мора да се справиме со нашите!", Заклучија претседателите.
Слично

Поврзани вести