Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасот на Кипар модел за другите проблематични држави во Европа?

Спасот на Кипар модел за другите проблематични држави во Европа?
Во Кипар клиентите на банките ќе треба да допринесат за спасувањето на земјата со своите средства, ова е заклучокот, велат политичарите. Но, зошто да биде така? Секој, кој ги внесува своите пари во банка, треба да биде начисто со ризиците, пишува германскиот весник “Франкфуртер алгмајне цајтунг“. Банките во Кипар ги отворија своите врати и катастрофата беше избегната. Парите потекоа одново, но со извесни ограничувања. На пример, клиените не можат да повлечат повеќе од 300 евра на ден. Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис им се заблагодари на граѓаните за спокојството, со кое реагира на драматичната состојба во земјата. Во меѓувреме, инвеститорите на меѓународните финансиски пазари почувствуваа олеснување. Курсот на еврото се зголеми во четвртокот, откако го достигна ниското ниво од 1,277 долари. Германскиот индекс ДАКС исто така благо порасна. Ништо чудно, со оглед на тоа дека релативно спокојната атмосфера го покрена прашањето: Дали спасувањето на Кипар, ако биде успешно, ќе биде модел за Европа? Раководителот на Еврогрупата Јерун Дејселблум веќе најави во интервју н почетокот на неделава дека Кипар може да се престори во “шаблон“ за тоа како Европа ќе се справува со банкротираните банки и држави.
Слично

Поврзани вести