Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јужна Осетија оди на референдум на кој ќе одлучи дали ќе се обедини со Русија

Јужна Осетија оди на референдум на кој ќе одлучи дали ќе се обедини со Русија

Јужна Осетија на 17 јули преку референдум ќе одлучи дали ќе стане дел од Русија. 

Претседателот на грузискиот отцепен регион Анатолиј Бибилов денес најави дека територијата ќе одржи референдум на 17 јули за тоа дали да стане дел од Русија, објави новинската агенција Тасс.

Москва ги призна Јужна Осетија и крајбрежниот регион Абхазија како независни по војната со Грузија во 2008 година. Таа обезбеди голема финансиска поддршка, понуди руско државјанство на нивното население и стационираше илјадници војници таму, потсетува Ројтерс.

Малиот претежно планински регион има население од околу 60.000 жители и граничи со Северна Осетија, која е дел од Русија. Бибилов на 30 март рече дека Јужна Осетија во блиска иднина ќе преземе чекори за приклучување кон Русија. Toгаш Грузија ја осуди идејата за референдум како неприфатлива.

Русија бара припојување на украински територии каде има руско малцинство. Се говореше и за можна дестабилизација на Молдавија, поради регионот каде има руско население. 

Придњестровје не е под контрола на Кишињев од почетокот на 1990-тите. Генералното собрание на ОН во јуни 2018 година ја повика Русија да ги повлече своите сили од Придњестровје. Резолуцијата беше поддржана од 64 држави, 14 беа против, а други 83  држави беа воздржани.


 foto EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Слично

Поврзани вести