Јужна Кореја истрела проектил, кој набрзо падна и предизвика пожар и паника: „Не ни предупредија“
Неуспешното
лансирање балистичка ракета предизвика паника во инаку мирен град во Јужна
Кореја, откако проектилот паднал на земја и предизвикал голем пожар, соопштија
официјални лица во средата.
Војската на Јужна Кореја во вторникот вечерта истрела балистичка ракета со краток дострел Hyunmoo-2, која не функционираше и набргу по лансирањето. Ракетното гориво се запалило за време на падот, но капсулата не експлодирала, изјави претставник на јужнокорејската војска за новинската агенција Јонхап.
Сеул и Вашингтон спроведоа повеќе заеднички вежби, вклучително и лансирање на проектили, како одговор на севернокорејското лансирање на балистичка ракета со среден дострел што прелета над Јапонија во вторникот.
— zoranceran (@zoranceran2) October 5, 2022
Сликите кои кружат на социјалните мрежи, чија автентичност не можеше да ја потврди AFP, покажаа портокалова огнена топка, за која корисниците тврдеа дека се наоѓа во близина на воздухопловната база Гангнеунг на источниот брег на земјата.
„Многу жители во паника ја повикаа градската управа“, изјави претставник на градската управа на Гангнеунг. „На почетокот не знаевме што се случува бидејќи не добивме никакво предупредување од армијата дека се одржуваат такви вежби“, додаде една жена, која сакаше да остане анонимна.
Генералштабот на војската на Јужна Кореја извести дека нема жртви и дека ги истражува причините за неуспешното лансирање.
Фото и Видео: Твитер
