Јужна Кореја ги скратува маките на сиромашните – се одлучи за отпис на долговите
Владата на Северна Кореја одлучи да им ги скрати маките на сиромашните.
Тие на своите 1,6 милиони граѓани ќе им ги простат долговите, а концептот е заснован со намера за да им се помогне на семејствата со ниски приходи.
Владата одлучи апликациите да бидат примани од февруари 2018 година, а сето ова е дел од Јужнокорејскиот национален фонд за среќа, кој беше формиран во 2013 година за помош на корејските државјани полесно да управуваат со својот долг.
Креаторот на овој фонд е поранешната претседателка Парк Геун-хје.
За да ја добијат помошта, граѓаните ќе мора да докажат дека нивниот месечен приход е помал од 990.000 вони (770 евра), дека имаат проблем со наплатата на долг во висина од десет милиони вони (во евра 7.780) и дека најмалку 10 години постојано се обидуваат да го вратат долгот.
