Јужна Кореја вложува 1,5 милијарди долари во 5G мрежа
Јужна Кореја, која веќе е меѓу земјите со најдобар интернет во светот, соопшти за почетокот на нов проект во вредност од 1,5 милијарди долари , за создавање на петтата генерација ( 5G ) безжична мобилна мрежа , доволно брзо да преземете долгометражен филм за една секунда.
5G мрежата ќе биде околу илјадапати побрза од 4G . Во мај 2013 година, јужнокорејскиот гигант Samsung соопшти дека тестираа успешно влечење во 5G мрежа на 1 гигабајт податоци во секунда на растојание од 2 километри .
„Ние помогнавме за економскиот раст на земјата со создавање на 2G во 90-тите години , 3G во 2000 и 4G во 2010 година. Време е да почнеме да го развиваме 5G. Страните од Европа , Кина и САД ги интензивираа напорите за развој на оваа технологија и сметаме дека по неколку години ќе има огромна конкуренција во овој сектор" , се вели во пораката на јужнокорејското Министерство за телекомуникации.
Во ноември, кинеската компанија Huawei ги објави плановите за пуштање во комерцијална употреба на 5G во 2020 година, инвестирајќи во проектот вреден 442.5 милиони евра . Во Европа проектот Metis собра 28 телекомуникациски компании, главно од Стариот континент, но исто така и кинеската Huawei и јапонската Docomo.
Дел од 27-те милиони долари, вложени во проектот беа обезбедени од Европската комисија, која го субвенционира создавањето на 5G мрежи со 50 милиони евра до крајот на 2013 година. Во Јужна Кореја се планира трговската услуга да стане достапна до декември 2020 година , откако ќе биде тестирана во 2017 година.
За учество во проектот се поканети телекомуникациските оператори SK Telecom и Korea Telecom, како и производителите на мобилни уреди Samsung и LG.
А.А.
Слично
