Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јужна и Северна Кореја се договорија

Јужна и Северна Кореја се договорија

Северна Кореја и Јужна Кореја постигнаа договор за деескалација на тензиите помеѓу нив, соопшти „Си Ен Ен“. Преговорите во граничниот премин Панминчжон биле прекинати малку пред 1 ч наутро по локално време.

Според јужнокорејската агенција „Јонхап“ Сеул ќе ја прекине пропагандата на звучниците во демилитаризираната зона, а Северна Кореја изрази жалење по повод неодамнешните инциденти помеѓу двете држави. Преговорите помеѓу двете Кореи започнаа во петокот и се водеа практично деноноќно во демилитаризираната зона зад затворени врати.

До ескалација на тензиите дојде откако Северна Кореја ја нападна јужнокорејската база во близина на границата, поради звучниците кои емитуваат пропагандна кампања против Пјонгјанг. Сеул од своја страна исто одговори со артилериски напад.

Потоа севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди армијата да биде доведена во целосна борбена готовност.

По 11-годишна пауза Сеул го продолжи емитувањето на пропагандните пораки во одговор на експлозија во демилитаризираната зона, при што беа повредени двајца јужнокорејски војници. Истрагата покажа дека трите експлозии кои избувнале се мини со севернокорејско производство и биле поставени неодамна по маршрутата на јужнокорејските патроли.

Слично

Поврзани вести