Јункер: Шенгенот ќе остане
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави пред Европскиот парламент во средата дека во неговиот мандат Шенген ќе остане.
"Ќе го повикам утре Европскиот совет да дејствува брзо за предлозите на ЕК за европска гранична полиција. Добрата заштита на надворешните граници треба да биде приоритет", посочи Јункер пред европските пратеници во Стразбур.
Европската комисија претстави пред еден ден план за нова европска агенција за гранична безбедност, која ќе може во исклучителни случаи да испраќа свои екипи за брза реакција и по свое дискреционо право, без соодветната држава да го побарала тоа. Миграциската криза не започнува на нашите граници. Неопходно е да работиме заедно со Турција. Имаме обврска да им помогнеме на нашите соседи, ако бидат изведени пред хуманитарна криза, додаде претседателот на ЕК. Се движиме во вистинската насока со усвоените мерки за миграциска криза, но напредокот е премногу слаб, требаат дополнителни и брзи дејствија, истакна Јункер, цитиран од агенциите. Европејците сакаат да продолжат да живеат и работат во окружување на безбедност. Нападите од Париз потсетија дека најлошото секогаш можен да се случи. Европските служби за безбедност имаат потреба од нашата помош за да успеат да ја завршат својата работа.
Терористите кои патуваат до Европа, летаат со авиони, затоа сум благодарен што беше прифатено воведувањето на системот за чување на податоците за патниците во воздух. Ќе воведеме дополнителни репресивни мерки против терористите и финансирањето на тероризмот, изјави Јункер.
Во последната изјава на парламентарните групи Манфред Вебер (Европска народна партија) изрази поддршка за предлозите на ЕК за заедничка гранична безбедност. Тој инсистираше да бидат прифатени веќе усвоените одлуки за миграциска криза.
Новите планови на ЕК ја уживаат поддршката на двете најголеми земји членки Германија и Франција.
Џани Питела исто така ги поддржа идеите за зајакнување на надворешните граници. Според неговите зборови, е потребно да биде проценет системот од Даблин за враќање на мигрантите во земјата од која влегле во ЕУ.
Сајед Камал (Европски конзервативци и реформисти) изрази разбирање за луѓето кои бараат подобар живот во Европа, но истакна дека ЕУ не може да понуди засолниште на секој, независно од неговата лична судбина.
Некои држави не ги исполнуваат своите обврски, други повикуваат мигрантите да доаѓаат, а потоа ги обвинуваат другите дека издигаат огради. Се согласуваме дека има потреба од посилна граничната полиција, но наместо да ги обврзуваме државите (да ги прифатат надворешните европски граничари), треба да ја зголемиме меѓудржавната соработка. Треба доверба меѓу специјалните служби. Треба да бидеме искрени со Турција, дека таа никогаш нема да биде примена во ЕУ, изјави Камал.
Ги Верхофстат (АЛДЕ) изрази целосна поддршка за предлогот на ЕК за граничната полиција. На места директно недостасува гранична контрола, како во Грција. Држави кои не сакаат да соработуваат, немаат место во Шенген, коментира Верхофстат. Тој најави дека во проектот за одлуките на претстојниот утре и во петок Европски совет не се предвидува афирмација, а само дискусија на предлогот на ЕК за заштита на границите.
Потребна е задолжителна размена на информации меѓу службите за безбедност, а не само зајакнување на оваа размена, како што предвидува проектот на одлуките, додаде тој. Габриеле Цимер (Европска обединета левица) коментираше дека меѓусебната доверба во ЕУ нема да се зголеми, ако земјите бидат приморани да се разделат со дел од својот национален суверенитет покрај предлозите за паневропската граничната полиција.
Во нејзините зборови предлозите на ЕК предвидуваат активности против волјата на земјите, во комбинација со закани од исклучување од Шенген.
Филип Ламбертс (зелените) ја критикува силно намерата за распоредување на граничните тимови за брз одговор без согласност на земјата. Неверојатно и недостојно е за турскиот претседател Реџеп Ердоган, кој лично гони новинари, кој води војна против сопствениот народ, коментира Ламбертс.
Најџел Фараж (Европа на слободата и директната демократија) изјави дека секој пат кога европската политика пропадне, барањето е за "поголема Европа". Апелите на германската канцеларка Ангела Меркел за усвојување на мигрантите се огромен неуспех, тоа е отворена покана за терористите, како и за економските мигранти, коментира тој.
Едуар Феран (Европа на народите и слободата) посочи дека стотици и илјадници терористи продираат со миграциските текови. Повеќето од атентаторите од 13 ноември во Париз дојдоа со мигрантите. Шенген е дел од проблемот, коментира тој.
