Јункер: САД не се веќе заинтересирани за гарантирање на европската безбедност
Првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска изјави дека САД не се веќе заинтересирани за гарантирање на европската безбедност.
Тој смета дека ЕУ треба да направи повеќе на полето на одбраната и безбедносната соработка.
„Нашето почитување кон НАТО не може веќе да се користи како соодветно алиби за противење на се поголемите европски напори“ - кажа Јункер на конференција во Прага, пишуваат британските медиуми.
Според Јункер, Европа нема избор, туку треба да ги брани своите интереси на Блискиот Исток, но и кога станува збор за климатските промени и трговските спогодби.
Инаку, во Европа неодамна имаше два напади во Британија и еден во Париз.
Слично
