Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јункер повика на Самит помеѓу ЕУ и Балканот

Јункер повика на Самит помеѓу ЕУ и Балканот

Поради бегалската криза и незапирливиот поток од мигранти преку Балканот, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер свика вонреден Самит.

На разговорите се поканети земји-членки на ЕУ, меѓу кои и Бугарија, како и Србија и Македонија. Во меѓувреме продолжуваат тензиите по границите на Словенија со Австрија и Хрватска.

Парламентот во Љубљана одобри вклучување на армијата за обезбедувањето на границите. Се очекува денеска Словенија да побара од Европската унија дополнителни полициски сили на нејзината границата со Хрватска.

Во вторникот словенечката полиција употреби сила за да воведе ред на границата со Австрија. Над 4.500 мигранти чекаат крај граничниот премин Шпилфелд и ја собориле оградата на границата, за да преминат на австриска територија.

Kaj нас состојбата иста. Од ден  на ден се повеќе бегалци транзитираат кон европските земји.

Во периодот од 08,00 часот на 20.10.2015 до 21.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 3.257 странски државјани, од кои, 1.843  се од машки пол, 477  се од женски, 716се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 221 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на  Сирија-1.569, Авганистан –1.196, Ирак-272, додека другите се во помал број.
Слично

Поврзани вести