Јункер одлучи: Одредени нови квоти за прием на бегалци
Европската комсија одреди нови национални квоти за прием на бегалци. според кои Германија ќе згрижи вкупно 40.000 луѓе, а Франција 30.000 од 160.000 азиланти кои ќе бидат префрлени до Италија, Грција и Унгарија, рекли извори во Брисел.
Новите предлози во текот на денот ќе ги претстави претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.
Претставници на ЕУ претходно рекоа дека ќе предложат Унијата да згрижи додатни 120.000 лица, покрај 40 000 чие разместување е предложено претходно.
Најмногу од додатните 120 000 ќе најдат засолниште во Германија - 31.443 од нив, а во Франција 24.031. Оваа информација за Франција ја потврдил претседателот на оваа земја Франсоа Оланд.
Весникот „Pais“ пренесе дека Шпанија, според новиот план, ќе прими 14.931 бегалец, Полска 9287, а Холандија 7214. По 4500 бегалци ќе згрижат Белгија и Швајцарија, а Австрија 3640.
За Хрватска е одредена квота од 1064 лица, за Словенија 631, наведува истиот весник.
Извор од ЕУ рекол дека ЕК планира да ја прогласи Турција и државите од Западен Балкан за безбедносни земји, чии државјани би се соочиле со забрзана депортација ако побараат азил во ЕУ.
