Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јункер: Крајот на Шенгенот ќе донесе крај на еврото и поголема невработеност!

Јункер: Крајот на Шенгенот ќе донесе крај на еврото и поголема невработеност!

Во Европската унија ќе порасне невработеноста доколку Шенген зоната се распадне, предупреди денес претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, со оценка дека во тој случај би било бесмислено задржување на еврото како единствена валута.

„Шенген зоната е едно од најголемите достигнувања во процесот на европските интеграции. Без Шенгенот, без слободното движење на работниците, без слобода на европските граѓани да патуваат, еврото нема смисла“, рекол Јункер пред новинарите.

Тој укажал и на поврзаноста на Шенгенот со слободното движење и внатрешниот пазар.

„Ако некој сака да го убие Шенгенот, на крај ќе го убие и единствениот пазар. А тоа ќе доведе до проблеми со невработеноста во Европа. Помал Шенген значи помала невработеност и помал економски раст“, заклучил Јункер.

Слично

Поврзани вести