Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јункер кон Орбан: Здраво, диктаторе!

Јункер кон Орбан: Здраво, диктаторе!

„Здраво, диктаторе!“ биле зборовите со кои претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер се поздравил денес на средбата на Европската унија во Рига со унгарскиот премиер Виктор Орбан, соопшти „Франс прес“, повикувајќи се на информации од свој фотограф.

Новинарите, рефлексивни за пристигнувањето на шефовите на 28-те земји на самитот, не го слушнале одговорот на Орбан, кој продолжил да се насмевнува, исто како и Јункер.

Претседателот на ЕК бил во одлично расположение и се поздравувал со учесниците со различни пријателски гестови, забележуваат агенциите, според кои Јункер изгледа му предложил на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој се појави без вратоврска, да му ја позајами својата.

Орбан често е критикуван за неговиот „автократски речник“, како што го дефинираат неговите противници како поранешниот еврокомесар Луи Мишел.

По доаѓањето на власт во 2010 година унгарскиот премиер презеде длабоки реформи во судството, медиумите и економијата, кои опозицијата ги оцени како напади врз слободата и беа подложени на критики во странство.

Во последно време Орбан предложил да се обнови дебатата за смртната казна, укината во Унгарија во 1990 година и која е забранета во ЕУ, предизвикувајќи незадоволство во Унијата.

Слично

Поврзани вести