Јункер: Европските земји имаат долг кон мигрантите
Европските влади имаат долг да им помогнат на пристигнатите мигранти во Европа и не треба да подлегнуваат на „популистичките“ повици за нивно враќање.
Тоа го изјави денеска претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер во интервју за „AFP“.
Тој изразил разочарување од фактот дека минатиот месец европските министри не успеале да постигнат согласност за преразпределба на 40 илјади мигранти во земјите од ЕУ, во обид за олеснување на товарот кој го носат Италија и Грција.
„За разлика од граѓаните, министрите имаат обврска да дејствуваат“, посочил Јункер.
Слично
