Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јункер: Европа ја чека уште поголема невработеност

Јункер: Европа ја чека уште поголема невработеност

Според премиерот на Луксембург, Жан Клод Јункер еврозоната „ги преспа“ неопходните структурни реформи, а должничката криза кај дел од членките не била предизвикана само со погрешната буџетска политика, туку и затоа што биле запоставувани и многу важни агенди на социјалната пазарна економија.

Во текот на состанокот со австрискиот канцелар, Вернер Фајман и претставниците на австриското стопанство, Јункер рече дека за благосостојбата е потребно навистина да се работи и дека не може да се претпоставува дека парите ќе работат за некого.

Тој истакна и дека дел од неодамнешните мерки врз него оставиле релативно негативен впечаток, како на пример Гаранција за младите, која  според него е застарена идеја што не функционира уште од 1997 година.

Според  премиерот на Луксембург, Европа треба да очекува се поголема стапка на невработеност, на подолг рок.

Слично

Поврзани вести