Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јункер: Европа да научи лекција од нападот во Берлин

Јункер: Европа да научи лекција од нападот во Берлин

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер се изјасни против промената на курсот на европската имиграциска политика поради терористичкиот чин во Берлин. 

„Европа е должна да им обезбеди азил на луѓе кои бегаат од жариштата и се спасуваат од теророт“, изјави тој во интервју за странски медиуми.

Јункер повика „да не се долева оган и да не се подгреваат сомневањата во сите бегалци за тероризам“. 

Тој исто така изјави дека европските вредности и европската форма на соживот меѓу луѓето е „најдоброто оружје против тероризмот“. 

Според претседателот на ЕК Европа треба да научи лекција од нападот во Берлин, и да ја активира соработката меѓу органите на прогонот на земјите од ЕУ.

„Во време кога терористите не се запираат на границите, средствата на националните внатрешни политики не се доволни“, изјави тој.

Слично

Поврзани вести