Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јункер: ЕУ има потреба од „пауза во проширувањето“

Јункер: ЕУ има потреба од „пауза во проширувањето“
На Унијата и е потребна пауза во проширувањето со нови земји членки, изјави Жан Клод Јункер на вчерашниот конгрес на германската Христијанско-демократска унија на канцеларот Ангела Меркел. Јункер смета дека  на земјите од Балканот им е потребна перспектива за членство во Европската унија, но ЕУ би морала побавно да презема чекори,јави Дојче Веле. Истовремено,  поранешниот премиер на Луксембург ја опомена Турција дека кандидатите за пристап морале да ги исполнат условите за прием. За тоа би морало „не да се забранува Твитер, туку да се допуштат слободи и демократија. Тоа Турција не го прави во моментов“, предупреди Јункер. Претходно и новоизбраниот генерален секретар на ЦДУ, Петер Таубер, зазема јасна позиција за пристапот на Турција во ЕУ. Последните недели, со тоа што владата во Анкара воведе цензура на интернетот, како што оцени Таубер, јасно покажалe дека во моментов Турција не припаѓа во Европската унија. Ваквите зборови на Таубер беа проследени со силен аплауз од делегатите, пренесува Дојче веле.                  
Слично

Поврзани вести