Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јуни месец бил рекордно жежок

Јуни месец бил рекордно жежок

Јуни месец бил рекордно жежок во Северна Америка, а во Европа бил втор најтопол во историјата. 

Јуни ќе остане запамтен по рекордните жештини во Канада, објави денеска европската служба за клима Коперникус. 

Канада, за време на топлинскиот бран, кој почна кон крајот на мај, неколкупати го собори својот апсолутен рекорд, кој на 30 јуни достигна 49,6 степени Целзиусови, колку што беа измерени во Литон. Оваа мала населба се наоѓа на 250 километри североисточно од Ванкувер. Во Европа, јуни 2021 година е вториот најтопол месец некогаш, по јуни 2019 година, според Коперникус, кој укажува на особено високи температури во Финска и на западот на Русија, како и на сибирскиот Арктик.

foto freepik

Слично

Поврзани вести