Јунајтед ерлајнс се соочува со казна од 1,1 милион долари, не ги почитувале безбедносните проверки
Американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ имала повеќе од 102.000 летови со Боинг 777 без да го провери системот за предупредување за пожар.
Американската федерална управа за авијација (ФАА) објави дека предложила казна за компанијата „Јунајтед ерлајнс“ во висина од 1,1 милион долари за наводно управување со авион Боинг 777 без задолжителни проверки на системот за предупредување за пожар пред лет.
ФАА тврди дека „Јунајтед ерлајнс“ спровела повеќе од 102.000 летови со Боинг 777 во периодот од јуни 2018 до април 2021 година, кои не ги исполнувале барањата за летање во САД во период од приближно 1.025 дена, објави Ројтерс.
Во споменатиот период, компанијата чие седиште е во Чикаго ја отстранила проверката на предупредувачкиот систем за пожар од својата листа за проверки пред летовите со Боинг 777.
„Јунајтед ерлајнс“ има 30 дена да одговори на казненото писмо од ФАА, во кое се наведува дека „безбедноста на летовите никогаш не била доведена во прашање од 2018 година“.
Во писмото на ФАА се вели дека проверките на авиокомпанијата се за да се осигури безбедноста на системот за предупредување за пожар на Боинг.
