Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈПост: Ким Јонг Ун е во вегетативна состојба

ЈПост: Ким Јонг Ун е во вегетативна состојба

Здравјето на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, наводно e исклучително лошо и тој сега е во вегетативна состојба, објави The Jerusalem post. Ким Јонг Ун имаше операција на срцето во текот на овој месец, а според информациите од тимот лекари кои го лекува неговата здравствена ситуација не се подобрува. 

Среде спротивставени извештаи за здравјето на Ким, јапонскиот неделен магазин Shukan Gendai во петокот објави дека кинески медицински тим, имал мисија во Северна Кореја и накратко ја објаснил ситуацијата по што дошле и повеќе информации.

Медицинскиот експерт изјавил дека за време на посетата на некои села претходно овој месец, Ким го стегнале градите и паднал на земја. Лекар што го придружувал веднаш направил ЦПР и го однел во блиската болница за итна помош.

Кина инаку има тим во Северна Кореја, во кој се и медицински експерти кои ги даваат своите совети. Ројтерс објави дека не беше во можност веднаш да утврди за какво патување на кинескиот тим станува збор и какво е здравјето на Ким. 

Слично

Поврзани вести