Економија, финансии, бизнис

Контакт

JPMORGAN CHASE ЌЕ ГИ ОБЕШТЕТИ ЖРТВИТЕ НА ЕПШТАЈН: Најголемата банка во САД ќе исплати речиси 300 милиони долари

JPMORGAN CHASE ЌЕ ГИ ОБЕШТЕТИ ЖРТВИТЕ НА ЕПШТАЈН: Најголемата банка во САД ќе исплати речиси 300 милиони долари


JPMorgan Chase постигна спогодба со жртвите на Џефри Епштајн, кои ја обвинија дека му овозможила на починатиот милијардер да се вклучи во сексуална трговија додека бил клиент, пренесува CNN.

Во заедничката изјава, најголемата банка во САД и адвокатите на жртвите рекоа дека „го информирале судот дека постигнале начелен договор за решавање на групната тужба поврзана со злосторствата на Џефри Епштајн“.

Договорот е предмет на судско одобрување, а висината на спогодбата не е откриена, според Си-Ен-Ен, иако еден од адвокатите на жртвите претходно изјави дека банката е подготвена да плати отштета од 290 милиони долари. Банката и адвокатите на жртвите рекоа дека спогодбата е во најдобар интерес на сите страни, „особено на преживеаните кои беа жртви на ужасното злоставување на Епштајн“.

Жртвите на Епштајн претходно постигнаа спогодба од 75 милиони долари со Дојче банк. Епштајн беше уапсен во јули 2019 година под обвинение за сексуално вознемирување на жени и сексуална трговија. Во август истата година тој изврши самоубиство, пред да започне судскиот процес за злосторствата што ги направил.


ФОТО: EPA-EFE/Peter Foley

Слично

Поврзани вести