JP Morgan ќе подели уште 4.000 откази
Американскиот банкарски гигант, JP Morgan Chase планира да укине уште 4.000 работни места во 2013 година во рамки на програмата за намалување на трошоците, која предвидува намалување на бројот на вработени за 19.000 луѓе.
Со тоа вкупните трошоци на банката ќе се намалат за 59 милијарди долари во 2013 година, што е за една милиојарда долари под нивото од 2012 година, пренесува Франс прес.
Добивката на JP Morgan, во 2012 година достигна 21,3 милијарди долари, што е за 19 милијарди долари повеќе, споредено со 2011 година, покажуваат податоците на банката.
Според известувањето од банкарскиот гигант, растот на добивката следи и покрај големата загуба забележана во трговијата со финансиски деривати од 6,2 милијарди долари.
Слично
