Економија, финансии, бизнис

Контакт

JP Morgan Chase исплаќа 4.5 милијарди долари компензации

JP Morgan Chase исплаќа 4.5 милијарди долари компензации
Американската инвестициска банка JP Morgan Chase се согласи да исплати отштета од 4,5 милијарди долари на инвеститорите кои ги изгубија парите од хипотекарни хартии од вредност во текот на финансиската криза . Вредноста на хартиите од вредност , пуштени од многу инвестициски банки , вклучувајќи ја и JP Morgan , нагло падна по колапсот на пазарот на недвижности во САД . 21 крупни инвеститори ја обвинија банката дека продолжила да им продава хартии од вредност , иако банкарската управа била свесна дека со секој изминат ден тие се амортизираат. Измамените првично сакаа 5.75 милијарди од JP Morgan , но на крајот се согласиле компензацијата да биде 4,5 милијарди. Постигнатата спогодба сепак треба да биде одобрена од судот . Според експертите, можно е судиите да наредат на JP Morgan да плати компензација поголема од веќе договорената . JPMorgan Chase е најголемата банка во САД по големината на активите кои сочинуваат околу 2,3 трилиони долари.
Слично

Поврзани вести