Јордански крал: Трета светска војна против ИС
Јорданскиот крал Абдулах повика на „Трета светска војна“, заедничка борба против Исламската држава.
Тој, во изјава за Си-Ен-Ен ги повика сите држави да се здружат во борба против заканите кои ги претставуваат ИС, откако таа џихадистичка група минатата година освоила големи делови од Ирак и Сирија.
Абдулах на претставниците на сите религии им порача да бидат заедно додавајќи дека „тоа е наша војна“.
„Имаме морална одговорност да дојдеме до тие муслимани, да ги спречиме да дојдат до нашите граници“, рекол тој.
Абдулах не го застапувал бомбардирањето на позициите на ИС со нуклеарни проектили, или илјадиници тенкови, туку се заложил за единствен фронт кој заедно би ги здружил „муслиманите, христијаните и другите религии“.
Тој истакнал дека идеолошки момент на конфликтот ќе биде најтежок елемент за решавање.
