Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јордан сака целосно да ја уништи Исламската држава

Јордан сака целосно да ја уништи Исламската држава

Јордан ќе ги прогонува екстремистите на Исламската држава „каде и да се наоѓаат“ и планира „целосно да ги избрише“, рекол јорданскиот министер за внатрешни работи Хусеин ал Маджали, како што пренесуваат денеска тамошните медиуми.

Ова е последно во низата предупредувања на екстремистите дека им следува жестока одмазда затоа што заложникот, јорданскиот воен пилот Касесбах, го запалија жив во кафез.

Видео снимката која ја направи Исламската држава а во која се гледа страдањето на Касесбах, ја пробуди омразата во Јордан и регионот на Блискиот исток.

Јорданската воена авијација во четвртокот и петокот бобмардираше складшта оружје и центри за обука на борците на Исламската држава.

Кралството Јордан во септември им се придружи на коалицијата западни и арапски земји на чело со САД во борба против терористичките организации кои заземаа значајни територии на Сирија и Ирак.

Слично

Поврзани вести