„Johnnie Walker“ и „Smirnoff“ омилени жестоки пијалоци
За три проценти е зголемена продажбата на британскиот производител на алкохолни пијалоци „Diageo“ во третиот квартал од оваа година.
Активностите на латино-американскиот пазар го овозможија растот на продажбата.
Според Ројтерс, во периодот од јули-септември, производителот на прочуеното виски „Johnnie Walker“ и вотката „Smirnoff“ ја зголемил продажбата за 10,9 проценти во регионот на Латинска Америка –Карибите.
Во Северна Америка во истиот период продажбата е зголемена за 5,1 проценти, додека во регионот Африка-Европа и Турција таа е зголемена за 1,3 проценти, а во азиско-пацифичкиот регион за 0,6 проценти. Продажбата во Западна Европа е намалена за 1,1 проценти.
Слично
