Јерун Дејселблум реизбран за претседател на Еврогрупата
Актуелниот министер за финансии на Холандија, Јерун Дејселблум е реизбран за претседател на Еврогрупата, соопштува „Ројтерс“.
Дејселблум го освои вториот мандат, откако го победи шпанскиот колега Луис де Гиндос.
Им се заблагодарувам на моите колеги за поддршката и соработката, напишал Дејселблум на „Твитер“.
„Оваа одлука беше поддржана едногласно од сите членови на Еврогрупата“, се вели во официјалното соопштение.
Гиндос беше единствениот ривал на холандскиот министер за финансии. Јерун Дејселблум ќе раководи со Еврогрупата во следните две и пол години.
Денес министрите за финансии од еврозоната ќе разговараат за варијанти за краткорочна финансиска помош на Грција, додека не биде прифатена трета спасувачка програма за Атина.
