Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈЕРМАК: Користењето западно оружје за напад на Русија ќе ја ослаби Москва

ЈЕРМАК: Користењето западно оружје за напад на Русија ќе ја ослаби Москва

Началникот на Генералштабот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак денеска изјави дека употребата на западно оружје за напади во Русија е клучна одлука што ќе влијае на руската авијација и нејзината способност да дејствува во пограничните области.

Киев соопшти дека одлуката ќе помогне да се одбијат руските напади и подобро да се одбрани територијата во североисточната Харковска област.

„Дозволата за употреба на западно оружје на територијата на Руската Федерација е клучна одлука. Тоа ќе влијае на водењето на војната, планирањето на контраофанзивни дејствија и ќе ја ослабне способноста на Русите да ги користат своите сили во пограничните области“, рече Јермак.

По притисокот од Украина и некои од нејзините европски сојузници, САД минатата недела се согласија да ја сменат својата политика и да му дозволат на Киев да користи западно оружје за да напаѓа цели на руска територија. Украинските сили тврдат дека погодиле ракетен систем С-300 на Руска територија користејќи оружје доставено од западните сојузници. 

Министерката за одбрана на Холандија, Кајса Олонгрен изјави дека Киев слободно може да ги користи борбените авиони „Ф-16“ што земјата има намера да ѝ ги донира на Украина за напади врз цели во Русија. 

Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од две години. 

foto X

Слично

Поврзани вести