Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јенот се враќа во игра, доларот слабее

Јенот се враќа во игра, доларот слабее
Изминатава седмица на девизните пазари еврото бележи раст во однос на доларот, но и значителен пад во споредба со јапонскиот јен. Зајакнувањето во однос на доларот аналитичарите го поврзаа со очекувањата за подобрување на економската состојба во Германија што беа обелодените претходните денови. Така, курсот на еврото во однос на американскиот долар зајакна со 0,7 отсто до 1,2930 долари, додека во однос на јапонскиот јен падна за 1,1 проценти на 131 јени. Пад во однос на јенот бележи и доларот и тоа за 1,9 проценти на 101,25 јени. Оттука, во текот на претходната седница јапонскиот јен ја зацврсти својата позиција и ги надополни своите загуби од почетокот на годината бидејќи од почетокот на годинва тој во однос на доларот ослабе околу 16 проценти.
Слично

Поврзани вести