Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈЕМЕНСКАТА ПРО ИРАНСКА ВЛАДА МУ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ИЗРАЕЛ: Хутите истрелаа ракети над Црвеното Море

ЈЕМЕНСКАТА ПРО ИРАНСКА ВЛАДА МУ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ИЗРАЕЛ: Хутите истрелаа ракети над Црвеното Море

Јеменските бунтовници Хути, кои владеат со главниот град Сана и се поддржани од Иран, влегоа во војна против Израел откако претходно денеска истрелаа ракети и беспилотни летала врз земјата над Црвеното Море, пишува британски Дејли Експрес.

Јеменската проиранска влада, која е управувана од Хутите и која не е меѓународно призната, застана на страната на Палестинците уште од првиот ден од израелскиот напад врз Газа. Портпаролот на нивната армија изјави дека вооружените сили на земјата влегле во војна против Израел.

„Ќе продолжиме со поквалитетни напади со помош на ракети и беспилотни летала додека не престане агресијата на Израел“, додаде официјалниот портпарол.

Јемен моментално е во граѓанска војна и Хутите го контролираат главниот град Сана и западниот дел од земјата (зелена територија на мапата). Од 2014 година, тие се во војна со меѓународно признатата влада на Република Јемен, контролирајќи го само источниот дел на земјата.

Јужниот дел на земјата и градот Аден (жолта територија на мапата) се контролирани од Јужниот преоден совет. Јужното движење е основано во 2007 година, за време на мандатот на поранешниот претседател Али Абдула Салех, и се залага за одвојување на поранешниот Јужен Јемен, кој беше социјалистичка држава до 1990 година, кога се обедини со Северен Јемен во една држава.

Бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран, признаа дека лансирале беспилотни летала кон Израел како одмазда за војната во Газа, пишува Ал Џезира.


Слично

Поврзани вести