Јемен: Бунтовниците шиити го контролираат Сана, затворен аеродромот во Аден
Властите на Јемен денеска донесоа одлука да го затворат најголемиот аеродром во земјата кој е сместен во Анед, откако шиитските бунтовници ја презедоа власта над главниот град Сана.
Шефот на аеродромот во Аден, Тарек Абду, истакнал дека аеродромот ќе биде затворен на неопределено време и согласно со наредбите на гувернерот.
На протестот поради блокадата на Сана му се придружиле и локалните власти во Аден кои го затворили и пристаништето во овој град.
Ваквата одлука била донесена бидејќи шиитските бунтовници во текот на вчерашниот ден ја презеле контролата над претседателската палата во Сана и ја гранатирале резиденцијата на претседателот Абед Рабу Мансур Хади.
Во нападите шефот на државата успеал да избега неповреден.
