ЈЕМЕН: Бомбардирана болницата на „Лекари без граници“
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, нанесе неколку воздушни напади против болницата на "Лекари без граници" во Јемен, пренесоа "Ројтерс".
Од организацијата велат дека во моментов на нападот во зградата имало пациенти и медицински персонал.
Ден претходно, во понеделникот, стотици локални се собраа да протестираат пред канцеларијата на ОН во Јемен, против воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Многу од нив носеа транспаренти и банери.
"Го осудуваме молчењето на меѓународната заедница пред она што Саудиска Арабија го прави во врска со наложувањето на економска опсада по копно, море и воздух. Сметаме дека Обединетите нации се соучесник во овие злосторства и се главен бранител на тоа посегнувања, со поглед на нејзиниот молк", коментира активистот Абдел Уахаб Фаие.
На 3 октомври беше бомбардирана и болницата на "Лекари без граници" во Авганистан, при што загинаа 22 лица, од кои 12 вработени на организацијата.
