Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јавниот долг на Шпанија ќе надмине 100% од БДП во 2015 година!

Јавниот долг на Шпанија ќе надмине 100% од БДП во 2015 година!
Јавниот долг на Шпанија следната година ќе го надмине нивото од 100% од БДП, а ќе започне да се намалува дури во 2017 година, стои во проекциите во нацрт-буџетот на оваа земја за 2015 година. Четвртата по големина економија во еврозоната ќе ја заврши тековната година со јавен долг од 97,6% од БДП, догодина долгот ќе се зголеми на 100,3%, а во 2016-та на цели 101,5% од БДП. Дури во 2017 година се очекува долгот повторно да се намали под 100% од БДП. Според прописите на Европската унија, јавниот долг на земјите-членки не смее да надминува 60% од БДП. Шпанија пред глобалната финансиска криза во 2007 година имала релативно низок јавен долг од 36,3% од БДП, но за само неколку години ситуацијата драстично се промени - долгот на земјата се зголеми како резултат на пукањето на „балонот“ на преценетиот пазар на недвижности, што економијата ја турна во длабока рецесија и остави милиони луѓе без работа. Шпанија кон средината на 2013-та година излезе од двегодишната рецесија, а во вториот квартал годинава забележа поголем економски раст од очекуваниот - 0,6%. До крајот на годинава Владата во Мадрид предвидува раст од 1,3%, во споредба со падот на БДП за 1,2% што беше забележан минатата година. За следната година, според нацрт-буџетот, се предвидува забрзување на економскиот раст на 2%.
Слично

Поврзани вести