Jавниот долг на Италија достигна ново рекордно ниво – 130 проценти од БДП-то
Според најновите податоци на Централната банка на Италија, јавниот долг во јуни достигна ново рекордно ниво од 2.075 милијарди евра.
Тоа е 600 милиони повеќе отколку во мај, наведуваат од банката. Таквиот резултат се припишува на зголемената ликвидност во министерството за финансии поради покривање на трошоците на јавната управа.
Владата се обидува да пронајде начини да го намали огромниот јавен долг на земјата, кој изнесува 130 проценти од брутодомашниот производ.
Слично
