Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАСНА ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Франција го предупредува Израел да не го анектира Западниот Брег

ЈАСНА ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Франција го предупредува Израел да не го анектира Западниот Брег

Франција го предупредува Израел да не го анектира Западниот Брег за да спречи признавање на палестинска држава.

Извор во кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон го предупреди Израел да не го анектира Западниот Брег за да спречи признавање на палестинска држава, што и Франција има намера да го направи.

„Анексијата со која се закануваат израелските претставници како одмазда за признавањето на палестинската држава објавено од Франција и неколку други земји е „јасна црвена линија“, предупреди вчера кабинетот на Макрон.

Покрај Франција, Палестина ќе ја признаат Андора, Австралија, Белгија, Канада, Луксембург, Португалија, Малта, Обединетото Кралство и Сан Марино.

Три четвртини од 193-те земји-членки на ОН веќе ja признавaле палестинска држава што палестинското раководство во егзил ја прогласи во 1988 година.

На 7 октомври во 2023 година, палестинската терористичка група Хамас го нападна Израел и војната уште трае.

Слично

Поврзани вести