Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јасин Абидал и Хатем Хашнауи – се терористите од музејот во Тунис

Јасин Абидал и Хатем Хашнауи – се терористите од музејот во Тунис

Двајцата терористи за нападот врз музејот „Бардо“ се идентификувани како Јасин Абидал и Хатем Хашнауи. Ова го соопшти премиерот на Тунис Хабиб Есид, соопштија „Франс прес“.

Абидал е роден во 1980 година, а соучесникот му роден во 1994 година. Според портпаролот на полицијата двајцата се Тунижани. Властите не посочуваат повеќе детали за атентаторите.

Според локалните медиуми нападот е извршена од групата „Окба ибн Нафа“ поврзана со „Ал Каеда“ во Магреб. Од крајот на 2012 година Туниската армија спроведува операција против терористите.

18 странски туристи и двајца локални жители биле убиени во терористички напади. Националноста на една од жртвите останува непозната.

Убиени се петмина Јапонци, четворица Италијанци, двајца Французи, двајца Шпанци, двајца колумбици, Полјак и Австралиец. Убиени биле и двајца Тунижани, полицаец и возач на автобус. Напаѓачите биле ликвидирани. 44 лица се повредени.

Слично

Поврзани вести