Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јасен одговор за нападот со хемиско оружје нема – Но, се подготвува воена интервенција во Сирија

Јасен одговор за нападот со хемиско оружје нема – Но, се подготвува воена интервенција во Сирија

Радари забележале активност во регионот на Средоземно море. Воени авиони и транспортери почнаа да се групираат во британската база на Кипар, што навестува можна воена интервенција во Сирија.

Сирискиот министер за надворешни работи, Валид Муалем целосно ги отфрла обвинувањата дека армијата користела хемиско оружје,  префрлајќи ја вината за нападите во кои биле убиени повеќе од 300 лица  кај бунтовниците. Инспекторите на Обединетите нации, денеска заради безбедносни ризици, ја откажаа посетата на локациите каде бил извршен нападот со хемиско оружје, откако вчера кон нивните возила , непознати сторители, отворија снајперски оган.

Главниот обвинител на ОН за Сирија, Карла дел Понте изјави дека, според наводи на сведоци, хемиско оружје најверојатно употребиле бунтовниците, а не режимот во Дамаск.

ОН не се согласија со ставот на американскиот државен секретар Џон Кери, кој го обвини Дамаск за спречување на истрагата за евентуална употреба на хемиско оружје во Сирија.

Сепак од Светската организација со воздржан одговор за тоа кој користел хемиски средства, сирискиот режим или бунтовниците.

Американскиот Стејт департмент го одложи состанокот на високи руски и американски дипломати за Сирија што требаше да се одржи утре.

Според Вашингтон, одложувањето е поради консултации за можен одговор за нападот со хемиско оружје на 21 овој месец.

Ставовите на Москва и Вашингтон и натаму се спротивни.

Пентагон потврди дека САД е подготвен за воена интервенција. Белата куќа останува на ставот дека сирискиот режим  користел хемиско оружје.

Државниот секретар Џон Кери ја нагласи оправданоста на американската воена интервенција.

Дамаск го обвини Кери дека лаже кога тврди дека постојат докази за масовен напад со хемиско оружје.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека интервенција од САД без резолуција на Советот за Безбедност ќе се смета за прекршување на меѓународното право.

Британскиот премиер Дејвид Камерон оцени дека нападите со хемиско оружје во Сирија биле апсолутно одвратни и затоа е неопходна акција на меѓународната заедница.

Западни и арапски воени претставници на средбата во Аман постигнаа согласност за воени дејствија.

Командите на армиите на десет земји одбија да дефинираат распоред за предложените напади, но се согласија да подготват воена стратегија уште оваа недела.

Евентуалните воени дејствија треба најпрво да бидат одобрени од лидерите на државите.

Слично

Поврзани вести