ЈАС СЕПАК БИ МУ КАЖАЛ НА СЕКОГО: ОДИ ВАКЦИНИРАЈ СЕ - искуства на млади луѓе кои фатиле ковид и покрај примени две дози
Какво е чувството да се добие Ковид кај граѓаните кои се целосно вакцинирани. Гардијан направи разговори со треојца млади луѓе од Британија кои биле вакцинирани со две дози, на возраст од 20, 40 и 50 години, кои покажаа дека болеста се уште може да има големо влијание врз здравјето и секојдневниот живот. Сепак, тие се благодарни што ја имале примено вакцината и сметаат дека би поминале многу полошо доколку не биле вакцинирани.
Бидејќи бројот на регистрирани инфекции со коронавирус во Велика Британија повторно се зголемува, Гардијан решиле да разговараат со три лица за нивните искуства со фаќањето ковид, и покрај тоа што биле целосно вакцинирани, и како тоа влијаело врз нивниот секојдневен живот.
Клер Џенкинс, која има 44 години и е од Камбурн, се зарази со ковид овој месец откако нејзината 13-годишна ќерка се заразила на забава.
„Ние четворица во куќата бевме изолирани кога таа беше позитивна на тестот и сите бевме ‚чисти' кога истече периодот на изолација, но потоа четири дена подоцна мојот сопруг почна да добива симптоми и беше позитивен два дена подоцна, додека јас се уште бев негативна. Уште два дена подоцна, јас исто така бев позитивна на коронавирусот“, вели таа.
Клер Џенкинс е имуно-компромитирана и доби ковид и покрај тоа што е целосно вакцинирана. Џенкинс, која има основна здравствена состојба што ја изложува на поголем ризик, е целосно вакцинирана од април, а нејзиниот сопруг, исто така, ги имаше примено двете дози кога се разболе од вирусот.
„Дефинитивно дојде како изненадување кога се разболевме. За мојот сопруг навистина бевме загрижени некое време - тој ја имаше целосната листа на симптоми и беше навистина лошо 10 дена. Моравме да го откажеме единствениот одмор планиран за оваа година - на кој претходно се радувавме, по многу интензивни последни 12 месеци. Исто така, јас требаше да трчам во маратонот во Лондон, но ковидот ги исфрли од план моите тренинг планови“, вели Џенкинс.
Сепак, таа се чувствува благодарна што ја имала примено вакцината.
„Беше малку лошо тоа што пропуштивме убав семеен одмор, но тоа не е крај на светот и не сакам да замислам колку лоши работи би можеле да се случат доколу не бевме целосно вакцинирани“, вели оваа жена.
Сајмон Прајс (54), вработен во локалната власт од Абингдон, смета дека се заразил со вирусот кога присуствувал на полуфиналниот натпревар меѓу Англија и Данска на стадионот „Вембли“ во јули.
„Работев религиозно од дома и имав малку лична гордост што бев многу претпазлив да го заштитам моето семејство од почетокот на пандемијата. Вембли беше единственото место што го посетив, освен продавниците и канцеларијата во неколку наврати во јуни. Инаку не се дружев. До 9 јули, два дена по натпреварот, бев позитивен на тестот. Таму немаше многу социјално дистанцирање. Носев маска, но можеби имаше еден од сто што ја носеше“, вели овој човек.
Неколку дена по натпреварот, Прајс, кој беше целосно вакциниран, забележа симптоми, беше позитивен и беше изолиран од сопругата во нивниот дом. „Спиевме во одделни спални соби добри три недели, и за среќа, мојата сопруга остана негативна. Бев двапати вакциниран и сигурен сум дека помогна да се минимизираат симптомите. Сум имал и полоши обични настинки, иако се чувствував лошо два или три дена, а мојот вкус се уште не е вратен 100 отсто“, вели тој.
Иако текот на неговата болест со ковид бил благ, тој го пдродал членството на Вембли и одлучил да не оди повеќе.
„Сега се среќавам само со еден пријател на прошетка со кучињата. Отидовме еднаш да јадеме во паб, но освен тоа, се обидувам да се оддалечам од луѓето. Јас сум патник и социјален човек и затоа со нетрпение очекувам да се вратам на мешање со луѓе и патување. Јас сепак би им рекол на сите вакцинирај се“, вели овој човек.
