Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАС ОДАМ ТУКА, А ТИ КАДЕ САКАШ - ПУТИН НЕ Е ЗИНТЕРЕСИРАН ЗА ЛУКАШЕНКО?! интересно видео од Минск

ЈАС ОДАМ ТУКА, А ТИ КАДЕ САКАШ - ПУТИН НЕ Е ЗИНТЕРЕСИРАН ЗА ЛУКАШЕНКО?! интересно видео од Минск

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во понеделник допатува во Минск на разговори со Лукашенкo и ова е прва посета по три и пол години, двајцата претседатели да се сретнат во Белорусија. 

Средбата беше опишана како „работна посета“ и траеше повеќе од два часа. Неговиот авион слета на националниот аеродром во Минск, а рускиот претседател го пречека белорускиот претседател Александар Лукашенко.

После тоа, двајцата претседатели отидоа во палатата на Републиката во Минск, а при нивното влегување е забележана интересна ситуација. Лукашенко отиде на една страна, додека Путин на друга. 

Многумина протолкуваа дека Путин не го интересира каде оди претседателот на Белорусија и додадоа дека воопшто не го интересира Лукашенко и неговиот пат на движење, во стилот: Јас одам овде, а ти оди каде сакаш. 

Додека други пишуваа дека Владимир Путин отишол во тоалет и му рекол на Лукашенко дека ќе дојде штом ќе ја заврши својата „работа“.

Иако луѓето различно го толкуваат видеото, најдобро е да го погледнете видеото и да процените сами:



По овој „збунувачки“ влез на двајцата претседатели, тие имаа и заедничка прес-конференција на која разговараа за економските односи и трговската размена.

Да потсетиме, покрај Владимир Путин, во Минск пристигна и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кој за украинската криза веќе разговараше со новиот министер за надворешни работи на Белорусија, Сергеј Алејник.

Во руската делегација беа амбасадорот во Белорусија Борис Гризлов, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, заменик-шефот на кабинетот Дмитриј Песков, вицепремиерот Андреј Оверчук, министерот за енергетика Николај Шулгинов, шефот на ФСМТЦ Дмитриј Шугаев.

Ова не е единствениот „инцидент“ кој го привлече вниманието на јавноста. Напротив уште од самото пристигнување на Путин во Белорусија, однсоно со самото симнување од авион. 

На снимката што беше објавена, може да се види како Путин се спушта по скалите на авионот пред да го прегрне блискиот пријател и белоруски лидер Александар Лукашенко. Додека се симнуваше по скалите, изгледаше дека го промаши последниот чекор и за малку ќе паднеше. Луѓето различно ја толкуваат снимката и тврдат дека тој намерно скокнал неколку чекори и не се сопнал.


Постојат неколку знаци дека Путин имал проблеми за време на посетата, како што истакна експертот за говор на телото Адријана Картер, како што е фактот дека Путин не може или не сака целосно да ја користи десната рака. И покрај тоа што ова е знак за потенцијално лошо здравје, некои тврдат дека тоа било дел од неговата обука за КГБ. 

Зборувајќи за Дејли Стар, Адријана Картер рече: „Се чини дека Путин го пропушти последниот чекор. Сепак, на видеото тој изгледа многу поанимиран од вообичаеното. Десната рака му виси повисоко од левата кога оди, како што видовме порано, но користи кога прима подароци. Путин дефинитивно изгледа поопуштено во говорот на телото и го прегрна Лукашенко топла.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести