Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЈАС ИМАМ ДЕЦА, ИМАМ И ВНУЦИ, СИГУРНО И ВИЕ“: Директорот на Боинг ја призна грешката што можеше да ги чини патниците живот

„ЈАС ИМАМ ДЕЦА, ИМАМ И ВНУЦИ, СИГУРНО И ВИЕ“: Директорот на Боинг ја призна грешката што можеше да ги чини патниците живот

Директорот на Боинг изјави дека компанијата „мора да признае грешка“ по минатонеделниот инцидент во кој прозорец и дел од трупот паднаа од авионот 737 Max 9 за време на лет на Алјаска ерлајнс по експлозија, пишува Гардијан. Десетици авиони „Макс 9“ беа приземјени по инцидентот и чекаат проверка поради зголемената загриженост за безбедноста. Алјаска и Јунајтед ерлајнс оттогаш пронајдоа лабави и небезбедни делови во неколку од нивните авиони.

Регулаторите (FAA) нагласија дека безбедноста на патниците ќе биде приоритет пред да почнат повторно да се користат авионите, пишува Index.hr.

„Ќе му пристапиме на ова отворено, признавајќи ја нашата грешка“, им рече Дејв Калон на вработените во Боинг на заеднички состанок во фабриката во Рентон, каде што се произведува 737. „Ќе му пристапиме со целосна транспарентност на секој чекор“, рече тој.

Калон ја опиша својата реакција на видеото од летот на Алјаска ерлајнс во петокот на кое се гледа исчезнатиот дел од трупот и неговата загриженост дека некој би можел да се наоѓа на седиштето до него, кое се случило да биде празно.


„Јас имам деца, имам внуци, а и вие“, им рече Калон на вработените, според транскриптот што го сподели Боинг. „Ова е важно. Секој детал е важен“, рече тој. 

Сега останува на регулаторната агенција (FAA) да спроведе дополнителни инспекции и да одлучи кога и дали на дотичните авиони ќе им биде дозволено повторно да летаат. Акциите на „Боинг“ паѓаат на берзата веќе неколку дена по ред, а се очекува поради загриженост ваквиот тренд да продолжи.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести