Јарослав Качињски ги нападна жените дека многу пијат и затоа не раѓаат деца
Жените во Полска не раѓаат затоа што многу пијат, вели полскиот политичар Јарослав Качињски. Ова предизвика бес во јавноста по негова контроверзна изјава поврзана со наталитетот, пренесе агенцијата ДПА. Левицата претходно најави дека ќе поднесе тужба до етичкиот одбор на Парламентот.
„Кога девојките, младите жени би пиеле како нивните врсници до дваесет и петтата година, тогаш веќе не би се раѓале деца“, изјави 73-годишниот политичар.
Качињски тврди дека мажите би ги сметал за алкохоличари ако неумерено пијат 20 години, а за жените ако пијат две години.
Ана Левандовска, сопругата на познатиот фудбалер Роберт Левандовски вели дека ги обвинува жените наместо да ги решаваат реалните проблеми. Во Полска во 2020 година наталитетот изнесувал 1.4 дете по жена. Во Германија е 1.5, а во Франција 1.8. Многу земји ги коси „белата чума“.
