Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јапонскиот војник кој три децении не се предаваше по војната

Јапонскиот војник кој три децении не се предаваше по војната

Поручникот Хиро Онода ќе остане запаметен како единствениот империјалистички војник на Јапонија кој три децении не се откажал од герилско војување и не се предал откако кралството потпиша капитулација во 1945-та. Тој работел како офицер за разузнавање со наредба дури и да заврши војната да продолжи со герилско војување. 

Под негова команда имал уште тројца војници и подофицери со кои на Филипините редовно извршувале напади и саботажи. Прераснувајќи во воена легенда властите фрлале летоци од авион дека војната е завршена но, Онода сметал дека станува збор за пропаганда. 

Дури во текот на 70-тите младиот истражувач и хипик Норио Сузики кој отпатувал на Филипините со цел да ја чуе приказната на Онода. Се сретнале во џунглата и се спријателиле, па Онода му посочил дека ќе се предаде ако добие наредба од претпоставен офицер. Сузики се вратил во Јапонија и со помош на владата го пронашле мајорот Јошими Танигучи кој веќе бил остарен, но го прифатил повикот и лично му ја упатил наредбата на својот офицер да се предаде. 

Онода својот меч му го предал и на филипинскиот претседател Фердинанд Маркос по што бил помилуван. Во Јапонија бил дочекан како воен херој, а починал во 2014-та на 91 годишна возраст. 


Слично

Поврзани вести