Јапонскиот раст поголем од прогнозираниот, растат цените на Токиската берза
Јапонија, во периодот меѓу април и јуни, забележала стопански раст од 3,8 отсто во однос на истиот период лани, соопшти јапонската влада.
Првите проценки укажуваа на раст од 2,6 отсто во вториот овогодишен квартал. Таа проценка, меѓутоа, е ревидирана, бидејќи се ревидирани и податоците околу потрошувачката за приватни и јавни инвестиции.
Во споредба со првото тримесечје оваа година, јапонската економија во вториот квартал, пораснала за 0,9 отсто.
Веста за брзиот раст на стопанството, како и онаа дека Јапонија ќе биде домаќин на летната Олимпијада во 2020 година, го поттикна растот на цените на Токиската берза, каде индексот Nikkei, утринава на отворањето на берзата беше во плус од 2,7 посто.
Слично
