Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јапонскиот премиер: Убиството на заложникот е срамотно

Јапонскиот премиер: Убиството на заложникот е срамотно
Јапонскиот премиер Шинсо Абе изјави дека убиството на јапонскиот заложник е „срамотно“ и „недозволиво“ и повторно побара од џихадистите на Исламската држава веднаш да го ослободат вториот заложник, јапонскиот новинар Кенџи Гото. Тој вели дека Јапонија нема да попушти пред тероризмот. На снимаката што вчера беше објавена Гото држи фотографија на која е прикажано обезглавеното тело на неговиот колега Харуна Јукава и за тоа Гото го обвинува јапонскиот премиер. Исламската држава за ослободување на Гото бара во замена Јордан да ја ослободи жената бомбаш – самоубиец Саџиле ал-Ришави. Сочувство на јапонскиот премиер и на јапонскиот народ изрази и американскиот претседател Барак Обама. Во телефонскиот разговор со премиерот Абе, Обама го осуди убиството на Јукава и рече дека САД е со Јапонија. „Заедно ќе работиме сторителите на овие убиства да ги изнесеме пред лицето на правдата“, рекол Обама во телефонскиот разговор.
Слично

Поврзани вести