Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јапонскиот император Акихито официјално го објави своето повлекување од престолот

Јапонскиот император Акихито официјално го објави своето повлекување од престолот

Царот на Јапонија Акихито вчера објави дека се повлекува од престолот во корист на постариот син Нарухито. Тој  исто така се заблагодари на својот народ за тоа што 30 години го поддржувал и го признавал како симбол на државата.

Монархот го изјави ова во своето обраќање до нацијата во текот на церемонијата за неговото откажувањето од престолот, пренесуваат европските медиуми.

Настанот се оддржа во Кралската палата а учество земаа околу 300 луѓе. Вклучувајќи ги и императорката Митико, другите членови на царското семејство, премиерот Шинзо Абе и членовите на кабинетот, раководителите на двете комори на Парламентот, судиите од Врховниот суд, претставници на органите на локалната самоуправа и јавноста.

„Од срце сум благодарен на народот на нашата земја за тоа дека ме признаваше и поддржуваше во квалитетот на симбол на државата", „Бев среќен што ги исполнив моите должности како цар и чувствувам длабока доверба и љубов кон нашиот народ", изјавил Акихито.

Царот изрази надеж дека Јапонија ќе очекува мир и просперитет во наредните години.

Фото Ројтерс
Слично

Поврзани вести